Реал Мадрид ќе има огромна поддршка на „Сантијаго Бернабеу“ на реваншот против Пари-Сен Жермен. За само два часа во текот на вчерашниот ден се продале сите 60.000 билети за големата пресметка во Лигата на шампионите која е закажана за 9 март.
ПСЖ има предност од 1-0 по првиот дуел во Париз, а голот го постигна Килијан Мбапе, кој од лето се најавува како ново големо засилување за „кралевите“.
За овој натпревар шпанските власти дозволија максимален капацитет на стадионот на Реал Мадрид, иако во Шпанија се уште се на сила мерки поради коронавирусот.