Барселона и Тотенхем го договориле трансферот на десниот бек, Емерсон Ројал. За играч кој во клубот пристигна пред еден месец Барселона ќе ќари 21 милион евра.
Емерсон две години играше во Бетис, бидејќи бејќи беше во сопственост и на Барселона, Каталонците го откупија неговиот договор за девет милиони евра.
Емересон во првите три рунди, во Ла Лига, за Барселона одигра само 62.минута на вчерашниот меч со Хетафе. Тренерот Роналд Куман не бил убеден дека тој може да донесе дополнителен квалитет, поради што ја одобрил продажбата за 30 милиони евра во Тотенхем.
До крајот на преодниот рок се очекува клубот да го напушти и младиот Илаиш Мориба. За неговите услуги Лајпциг треба да плати помеѓу 15 и 20 милиони евра.
Можно е парите од трансферите на Емерсон и Мориба, Барселона да ги искористи дополнително да се засили во финишот на преодниот рок.