И покрај тоа што по најавениот трансфер на Феран Торес во Барселона, Манчестер сити во тимот ќе има само еден класичен напаѓач во Габриел Жесус, Пеп Гвардиола тврди дека клубот нема да купува во јануари отфрлајќи ја можноста да го земат Душан Влаховиќ од Фиорентина.
„Нема да купуваме напаѓач во јануари, тоа е сигурно. Таков план немаме направено, а по крајот на сезоната ќе размислуваме“, вели Гвардиола.
Сити во текот на летото се обидуваа да го купат Хери Кејн од Тотенхем, нудејќи над 100 милиони фунти, но на крајот „граѓаните“ не успеаја и се засилија само со уште еден фудбалер од средниот ред, Џек Грилиш од Астон вила. И покрај ова, Сити се лидери во Премиерлигата со 44 постигнати голови – само Ливерпул со 53 има повеќе од нив.