Top Sport

За Клоп победата над Њукасл е поважна од чудото против Барса

Јирген Клоп ја спореди победата на Ливерпул над Њукасл со славниот камбек триумф против Барселон во Лигата на шампионите, но се пожали дека Виргил ван Дајк добил „мек“ црвен картон. Дарвин Нуњез влезе од клупата за да постигне два доцни гола за чудесна 2:1 победа со 10 играчи на „Сент Џејмс парк“.

„Ова беше една од моите најдобри победи како тренер. Беше дури потешка од победатата над Барселона бидејќи не игравме на ‘Енфилд’. О боже, колку уживав во ова. На полувреме им кажав дека можеме да го свртиме ова и дека е приказна која можеме да ја кажуваме на внуците. Моите ќе ги видам за 10 дена и ќе им го раскажам тоа. Со 10 луѓе во моите над 1.000 мечеви не сум видел вакво нешто. Против тим како Њукасл, во таква атмосфера“, вели Клоп.

Тој, сепак, најде забелешка.

„Црвениот картон. Тоа треба да се погледне повторно. Нема активен контакт од Виргил. Има контакт кон топката, но тоа е мек допир. И сега има суспензија од три меча“, се пожали Германецот.

Мечот за кој зборува Клоп е славниот против Барселона пред четири години, кога по 3:0 поразот на „Ноу Камп“, Ливерпул го сврте двомечот на домашен терен и стигна до 4:0 победа.

(Видео) Нуњез со два гола за славна победа на Ливерпул на „Сент Џејмс парк“

Scroll to Top