Top Sport

За кого ќе навива вечер Фадиљ Вокри?

Еден од најинтересните мечеви во Лигата на Европа денеска е дуелот во Елбасан меѓу албанскиот Скендербег и српскиот Партизан.

По најавите за дополнителна парична награда за играчите на Скендербег доколку го победат силниот противник, двата тима во средата организираа заедничка вечера за спријателување на тимовите.

Еден од гостите на вечерата беше Фадиљ Вокри, претседателот на Фудбалскиот сојуз на Косово, а во минатото ѕвезда на Партизан.

Вокри играше за „црвено-белите“ од 1986 до 1989 година, постигнувајќи 18 гола во 55 натпревари и освојувајќи ја титулата на Југославија во 1987 година, а во исто време носејќи ја првата титула од Купот по 32 години во 1989 година.

Scroll to Top