Понудата на Манчестер јунајтед од 80 милиони евра за Калиду Кулибали била одбиена од Наполи, кои инсистираат минимум 100 милиони евра за дефанзивецот, тврди „Скај спорт Италија“.
За Кулибали се заинтересирани и Ливерпул и Пари Сен-Жермен, но француските медиуми тврдат дека тој повеќе би сакал трансфер во ПСЖ отколку во Премиер лигата. Според „Скај спорт“, Јунајтед понудиле огромни 80 милиони евра за Сенегалецот.
Минатата година, претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис тврдеше дека одбил понуда од 120 милиони за Кулибали, најверојатно повторно од „Олд Трафорд“.