Top Sport

За празниците ти посакувам три работи, а четвртата? Четврти е Реал (Видео)

Лукас и Тео Ернандес се браќа кои играат за мадридските великаи Реал и Атлетико. Лукас (21) е фудбалер на Атлетико, а 20 месеци помладиот Тео во летниот преоден рок стана член на Реал.

Браќата Ернандез не се ‘познаваат’ само кога се игра мадридското дерби. Оваа сезона на „Ванда Метрополитано“ натпреварот заврши без голови, Лукас го одигра целиот меч за „јорганџиите“, додека Тео беше резерва и не влезе во игра кај Реал.

На совијалните мрежи се појави снимката со која Лукас на Тео му ги честита празниците.

„Прво ти посакувам среќен Божиќ. Второ среќна Нова година. Трето, се надевам дека од Дедо Мраз ќе добиеш многу подароци. Четврто? Четврти е Реал“.

На овој начин Лукас се шегува со својот помлад брат за очајната сезона која ја има Реал. „Кралскиот клуб“ по 17 кола во Ла Лига е на четвртата позиција со 31 бод, пет помалку од втропласираниот Атлетико и дури 14 бода помалку од Барселона која е на челната позиција.

Инаку помладиот Ернандез минатото лето беше во центарот на вниманието кога реши од Атлетико да се пресели во Реал иако интерес за неговите услуги покажа и Барселона.

Scroll to Top