Top Sport

За Салах, секако, поважна прославата од интервјуто (видео)

По освојувањето на шестата европска титула на Ливерпул, и 12 месеци по „срцепарателната“ повреда и пораз од Реал Мадрид, Мо Салах едвај дочека да ја прослави титулата со своите соиграчи и фанови на „Ванда метрополитано“.

Сред интервју со новинарот на „БТ спорт“, Дес Кели, Салах и Трент Александер-Арнолд даваа интервју кога забележаа дека зад нив соиграчите слават со навивачите, па истрчаа со нив.

Претходно, Салах призна дека мечот не ги исполнил очекувањата, но дека е пресреќен.

„Сите сме среќни сега. Среќен сум што го играм второто финале впо ред, а овојпат целите 90 минути. Не беше добар меч од никој од нас индивидуално, но тоа не значи ништо во моментов“, изјави Салах.

Scroll to Top