Top Sport

За Санчо Рашфорд е најдобриот на светот

Ѕвездата на Борусија Дортмунд и главна мета на Манчестер јунајтед, Џејдон Санчо вели дека неговиот соиграч од англиската репрезентација, Маркус Рашфорд е најумешниот фудбалер со кого играл во кариерата.

Дортмунд не отстапуваат од бараните 120 милиони евра за 20-годишниот Санчо, а Јунајтед не се подготвени да платат толку во „сага“ која трае неколку месеци. Санчо не го крие воодушевувањето од Рашфорд, со кого игра во репрезентацијата од 2018 година.

Англичанецот беше фудбалер на Манчестер сити, но во 2016 година замина од „граѓаните“ во Дортмунд, каде што стана вистинска ѕвезда со 17 гола и 17 асистенции минатата сезона во Бундеслигата.

„Беше нормално да се бара клуб во Англија и никогаш не помислив дека ќе завршам во Германија. Кога дојде понудата мислев дека е луда и интересна и не знаев дали сум подготвен“, додава Санчо.

Scroll to Top