Кога Хорхе Сампаоли без проблем најде работа, за секого има надеж. Поранешниот аргентински селектор кој се „прослави“ на Светското првенство во Русија, е нов менаџер на бразилскиот гигант Сантос.
58-годишниот Сампаоли, кој беше селектор и на Чиле во својата кариера, во мај 2017 година застана на чело на аргентинската репрезентација и ги предводеше во хаотичните квалификации во кои обезбедија пласман во Русија во последното коло благодарение на хет-трикот на Лео Меси против Еквадор.
Во Русија, Аргентина едвај стигна до реми против Исланд, беше декласирана од Хрватска, пред едвај да обезбеди пласман со победа над Нигерија. Шпекулациите велеа дека тој ја загуби контролата на тимот и дека Меси со играчите го водат тимот, и тие беа елиминирани од Франција со 4:3 пораз во осминафиналето.
Сампаоли имаше многу поголем успех со Чиле, чиј селектор беше од 2012 до 2016 година, и со кои стигна до осминафиналето на СП во Бразил во 2014 и прва титула од Копа Америка во 2015 година. Покрај селекторските позиции, Сампаоли има менаџирано повеќе клубови во Аргентина, Еквадор, Чиле и Перу, а со Универзидад де Чиле ја освои титулата од Копа Судамерикана. Тој исто така една сезона беше на клупата на шпанска Севилја, предводејќи ги до четвртото место пред да стане аргентински селектор.
Фото: ЕПА
Oficial: Santos FC e Jorge Sampaoli têm um aceite assinado na proposta para que o argentino seja o treinador da equipe em 2019. Os últimos detalhes e a assinatura do contrato devem ser finalizados em encontros presenciais neste final de semana. pic.twitter.com/ZF3m3j3XuW
— Santos Futebol Clube (@SantosFC) December 13, 2018