Top Sport

За Ширер – Тони Адамс е топ-дефанзивец, за Ричардс тоа е Џон Тери

Иако српскиот дефанзивец, Немања Видиќ е еден од најдобрите стопери во 21. век, поранешните англиски фудбалски репрезентативци Мика Ричардс и Алан Ширер го сместија на поразувачкото шесто место од нивната топ 10 листа.

Тие двајца во подкастот за „Match of the day” ги рангираа најдобрите стопери во историјата на Премиерлигата, а со нив во студиото беше и легендарниот Гери Линекер.

Ричардс за најдобар дефанзивец во историјата на ПЛ го избра Џон Тери, додека Ширер смета дека на врвот на „стоперската“ листа во ПЛ се наоѓа Тони Адамс.

Кај Ширер зад Адамс се Рио Фердинанд, Вирџил ван Дајк и Винсен Компани, Немања Видиќ, Марсел Десаи, Јап Стам, Гери Палистер и Рикардо Карваљо.

И изборот на Мика Ричардс е сличен само што зад Тери тука се најдоа Фердинанд, Адамс па Компани…

Scroll to Top