На гостувањето кај Рудеш навивачите на Хајдук истакнаа навредлив транспарент упатен до легендата на Црвена звезда и Хрватска.
Роберт Просинечки е легенда на фудбалскиот фудбал, челн на генерацијата која во 1998 година на СП во Франција го освои бронзениот медал. Но на Балканот заслугите некогаш не се почитуваат.
Тоа најдобро го покажува она што го доживеа популарниот Жути на натпреварот Рудеш – Хајдук.
На мечот одигран на стадионот на Локомотива во Загреб, навивачката група на Хајдук, „Торцида“, гневни на цените на билетите, кренаа транспарент: „10 евра може благодарам, сепак на четникот платата не му е мала („10 еура може хвала, ипак четнику није плаћа мала”).
„Торцида“ алудира на тоа дека Просинечки четири години играше за Црвена звезда. Со овој клуб тој стана европски првак.
Потоа следуваше вулгарно скандирање „На сите нас Жути к…т да ни го п..и“.