Бразилецот Нејмар стана најскапиот играч според парите кои се потрошени за сите негови трансфери во текот на кариерата.
Ал-Хилал, во вторникот го донесе 31. годишниот Нејмар и потпиша двегодишен договор. ПСЖ за овој трансфер веднаш ќе добие 90 милиони евра, со можност со разни бонуси да заработи уште 30 милиони.
Исто така, овој трансфер го стави Нејмар на врвот на листата на играчи за чии трансфери се потрошени најмногу пари.
Бразилскиот фудбалер се пресели од Сантос во Барселона во 2013 година за 88 милиони евра. Четири години подоцна, Каталонците го продадоа на ПСЖ за рекордни 222 милиони евра. Кога ќе се додадат и овие 90 милиони што ќе ги плати Ал-Хилал, во неговите трансфери се вложени 400 милиони евра.
Претходно на врвот на оваа листа беше Ромелу Лукаку, за чии трансфери во текот на неговата кариера беа исплатени вкупно 333,36 милиони евра.
На третото место е славниот Португалец Кристијано Роналдо за чии трансфери досега се издвоени 247 милиони евра.