Top Sport

Заднината на најголемиот трансфер: Нејмар плачел, не сакал да оди во ПСЖ

Нејмар во последен момент се обидел да го стопира својот трансфер во Пари Сен Жермен, открива весникот „Марка“.

Мадридскиот весник пишува дека Бразилецот пред потпишувањето на договорот го побарал претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу, за овој да ја откаже целата зделка.

Плачел и се обидувал да го стопира својот трансфер, а според весникот, двапати му се јавил на Бартомеу.

И покрај противењето на Нејмар, трансферот е комплетиран бидејќи за неговата реализација решил таткото Нејмар сениор, кој воедно е и менаџер на својот син.

За потсетување, ПСЖ во летниот преоден рок уплати 222 милиони евра и ја активира откупната клаузула која Нејмар ја имаше во договорот со Барселона.

Scroll to Top