Top Sport

Загина 18-годишниот син на Михаел Балак

Фудбалскиот свет е во шок по информацијата дека, во Португалија, загинал 18-годишниот син на Михаел Балак.

Балак има куќа во Португалија и со семејството секоја година летува во близина на Лисабон.

Несреќата во која загинал синот на Балак, Емилио, се случила во два часот по полноќ, во едно од најпознатите португалски летувалишта. Според информациите, тој настрадал во судир на квадови.

Михаел Балак, кариерата ја започна во Баер Леверкузен, а потоа играше за Баерн Минхен и Челси. Со Германија, во 2002 година, го освои второто место на Светското првенство во Јапонија и Јужна Кореја.

Scroll to Top