Top Sport

Загина сопственикот на Милвол

Џон Берилсон, сопственикот на Милвол, почина на 71.годишна возраст, објавија британските медиуми, а потврдија од клубот.

Сопственикот на фудбалскиот клуб Милвол, Џон Берилсон, почина во трагична несреќа.

Милвол не навлегува во детали за шокантната вест, туку само потврди дека животот го загубил 71.годишениот бизнисмен.

„Ненадејната смрт на Џон недвосмислено ќе ги погоди сите среќници кои го познаваа. Тој беше навистина прекрасен човек, многу посветен на своето семејство, човек со големо срце и топлина“, се вели во соопштението на клубот.

Scroll to Top