Сплитскиот хулиган кој во регионот стана „познат“ минатата година, по инцидентите на фудбалското дерби помеѓу Партизан и Црвена ѕвезда, Анте Фириќ, загинал на авто-пат во Хрватска.
Како што објави „Јутарњи лист“, Фириќ, во вторникот, од непознати причини, во раните утрински часови, додека претрчувал по авто-патот А3 кај Иваниќ град, бил удрен од три возила.
Фириќ веднаш им подлегнал на повредите.
Poznati splitski huligan nastradao u pretrčavanju autoceste: Na njega su naletjela tri auta, javnost ga se sjeća s velikih nereda u Beogradu https://t.co/ae42HbiPkR pic.twitter.com/40XhjQnpCd
— Jutarnji List (@jutarnjihr) October 17, 2018
За потсетување, Фириќ, во декември минатата година беше дел на групата хулигани од Сплит, кои предизвикаа општа тепачка на јужната трибина на стадионот на Партизан. Тогаш тој и останатите беа уапсени, неколку месеци минаа во притвор во Србија, а потоа српските власти ги депортираа во Хрватска.