Кралскиот клуб Реал Мадрид денеска во ОАЕ, со почеток од 17.30 часот треба да го одигра финалето на Светското клупско првенство против тимот на Ал Аин, но утринава стигна веста од Мадрид еден директорите во клубот, починал на 62-годишна возраст.
„Реал Мадрид и претседателот Флорентино Перез, длабоко жалат поради загубата на Анхел Луис Херас Агуадо, член на бордот на директори во нашиот клуб, сочуство до фамилијата и неговите пријатели“ – соопштија од клубот на Твитер.
Во пораката до јавноста од Реал Мадрид потенцираат дека починатиот директор цел живот го посветил во промовирање на вредностите на клубот.
„Анхел Луис беше секогаш дел од бордот на директори во владеењето на Флорентино Перез и од првиот момент, тој беше посебно посветен во фондацијата на Реал Мадрид. Цел живот го посвети на промовирање и ширење на вредоностите од клубот“ – стои во соопштението од клубот.