Top Sport

Заха по Англија, ќе се откаже и од Брегот на Слоновата Коска?

Ѕвездата на Кристал палас, Вилфрид Заха побарал да не го повикуваат во репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска, бидејќи размислува за својата иднина во интернационалниот фудбал, тврди селекторот Патрис Бомел.

Според „Сан“ Заха тврдел дека при секое враќање од репрезентативните обврски бил болен, откако го пропушти 2:2 ремито со Арсенал поради оваа причина.

„Тој побара да не доаѓа бидејќи се враќа дома болен по секој меч. Сака да размисли за тоа како да продолжи со репрезентативната кариера“, изјави Бомел.

БСК играат со Мозамбик на 13 ноември, а три дена подоцна гостуваат кај Камерун. Тие се на првото место во својата група и ако го заддржат местото влегуваат во последната фаза на квалификациите – бараж на 10-те победници на групите.

28-годишниот Заха одигра два пријателски меча за англиската репрезентација во 2012 и 2013 година под водство на Рој Хоџсон, но во 2016 година година реши да почне да игра за Брегот на Слоновата Коска и има 20 настапи за „Слоновите“ и 5 гола.

Scroll to Top