Вилфрид Заха до крајот на преодниот рок би можел да ги напушти редовите на Кристал Палас. Крилниот напаѓач се поврзуваше со Арсенал и Евертон меѓутоа клубот не му дозволи тој да замине во некој друг клуб од Англија. Евентуалниот трансфер на Заха повторно е актуелен, особено што по начинот на кој игра од стартот на сезоната покажува дека тој е незадоволен што не му е дозволено да замине.
Репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска сега се поврзува со трансфер во Пари Сен Жермен.
Трансферот е условен со повредите на Единсон Кавани и Килијан Мбапе и евентуалното заминување на Нејмар.
Заха минатата сезона во Премиер лигата одигра 34 натпревари на кои постигнал десет гола.