Top Sport

Замена за Агуеро во Сити ќе биде Дени Ингс?

Манчестер сити се заинтересирани за изненадувачки трансфер на напаѓачот на Саутемптон, Дени Ингс како потенцијална замена за Серхио Агуеро ова лето, тврди британскиот „Скај спорт“.

Договорот на Агуеро завршува на крајот на сезоната, и доколку рекордниот стрелец во историјата на Сити не ја продолжи соработката, во текот на летото Пеп Гвардиола ќе сака да донесе напаѓач.

28-годишниот Ингс пак, ја врати репутацијата по трансферот во Саутемптон од Ливерпул во 2019 година и минатата сезона беше втор најдобар стрелец во Премиер лигата со 22 гола. Неговиот договор со Саутемптон завршува во 2022, кога би можел да си замине како слободен играч.

Scroll to Top