Top Sport

„Заминуваш во Манчестер сити, клуб кој е помал од Бенфика“

Доцна синоќа Рубен Дијаш (23) официјално стана член на Манчестер сити. Трансферот на Португалецот на „Етихад“ изнесува 65.000.000 евра (кеш пари и Николас Отманеди).

Дијаз, според медиумите во Португалија, во солзи ја напуштил Бенфика, клуб во кој мина десет години и ги минал сите младински категории на патот до сениорскиот тим. На заминување добил порака и од тренерот Жорге Жесус.

„Заминуваш од клуб кој е многу поголем од Манчестер сити, разликата е што е финансиски послаб“, рекол Жесус.

Рубен Дијаз во новиот клуб ќе ја носи тројката на грбот.

Scroll to Top