Фернандо Редондо беше идол на навивачите на Реал Мадрид. Шест години, од 1994 до 2000 година, тие уживаа во неговите мајсторски потези.
Пред 22 години Аргентинецот блескаже во полу-финалните во Лигата на шампионите пресметки со Борусија Дортмунд.
„Марка“ се присети на неговите настапи во тие натпревари.
„Можете ли да замислите Крос, Модриќ и Каземиро да се еден играч? За сите оние што не го гледале, тоа е Редондо“, стои во насловот на „Марка“.
Редондо со Реал освои две титули во Лигата на шампионите. Кариерата ја заврши во Милан во 2004 година.