Потпретседателот на Интер, Хавиер Занети му посака добредојде на Паоло Малдини во италијанскиот фудбал, откако легендата на Милан се врати во клубот како директор девет години откако се повлече од фудбалот по 902 настапи за „росонерите“.
Занети, легенда на црно-црниот дел на Милано со 858 натпревари за Интер, вели дека е прекрасно што неговиот стар ривал повторно е тука.
„Навистина сум среќен за Паоло, бидејќи пред да биде голем професионалец, тој секогаш бил голема личност. Некој како него ќе носи само позитивни работи за фудбалот во Италија. Уште го почитувам многу иако многу пати ми бил ривал на теренот. Ќе го гушнам пред следното дерби, како што се гушкавме на теренот толку многу пати“, изјави Занети за „Газета дело спорт“.