Легендата на Интер и на аргентинската репрезентација, Хавиер Занети смета дека Хорхе Сампаоли направил огромна грешка што на Мундијалот не го понесе капитенот на Интер, Мауро Икарди.
Икарди ја заврши сезоната во Серија А со 29 гола, но не беше во првиот тим од 23 фудбалери кој Сампаоли го избра за Русија, а не беше повикан ниту кога Мануел Ланцини се повреди, повикувајќи го Енцо Перез.
Икарди има само четири настапи за Аргентина, откако тренерите решаваат да не го земат поради „конфликтниот карактер“ како што рече Сампаоли, но Занети вели дека ова ќе се смени.
„Мауро Икарди залужи шанса за тоа што го направи во Италија овие години. Навистина сакав тој да биде во тимот. Сепак, тој е млад и има иднина пред него. Сигурен сум дека ќе има шанси да биде дел од аргентинската репрезентација во иднина“, вели Занети.
Фото: ЕПА