Top Sport

Занети: Пред 25 години станав дел од едно „црно-сино“ семејство

Хавиер Занети вели дека е горд што може да прослави 25 години од неговата официјална промоција како фудбалер на Интер, момент кога станал член на посебното семејство.

Занети беше прво засилување во ерата на Масимо Морати на чело на Интер летото 1995 година, кога „нераѕурите“ платија 6.5 милиони евра на аргентинскиот клуб Банфилд за 21-годишниот десен бек.

Тој стана фудбалерот со најмногу настапи во историјата на клубот (858), освојувајќи пет скудета, четири титули од Копа Италија и Лигата на шампионите во 2010.

„Пред 25 години беше мојата официјална презентација со Интер. Тоа останува убав момент за гледање со гордост, почетокот на мојата фантастична приказна со семејството на ’нераѕурите’“, напиша Занети на Твитер.

46-годишниот Занети се повлече од фудбалот во 2014 година и моментално е потпретседател на клубот од Милано.

Scroll to Top