Top Sport

Заниоло носи предност за Рома во финалето на Конференциската лига

Рома прва успеа да најде пат до голот на Феенорд, откако Николо Заниоло ја комплетираше одличната акција на „волчицата“ за 1:0 предност во финалето на Конференциската лига на УЕФА.

Мечот не започна најдобро за тимот на Жозе Мурињо, откако Хенрик Мхитарјан се повреди по само 17 минути игра, но сепак италијанскиот клуб ја имаше иницијативата, која вроди со плод во 32. минута, кога Џанлука Манчини фантастично го пронајде Заниоло, кој ја искористи лошата реакција на одбраната на холандскиот тим за супер-важен гол.

Scroll to Top