Ѕвездата на Галатасарај, Николо Ѕаниоло призна дека би сакал да оствари трансфер во Јувентус, велејќи дека би сакал да биде дел од тимот со неговиот идол, Пол Погба.
Рома во јануари го продадоа 23-годишниот Ѕаниоло на Галатасарај, откако пропадна неговиот трансфер во Борнмут по конфликтот со тренерот Жозе Мурињо, и имаше солидна сезона со Галата освојувајќи ја турската титула.
„Отворен сум за секоја можност. Од таа да останам во Галатасрај, каде што се чувствував одлично, до трансфер. Јуве е Јуве, дури и без Лига на шампиони. Кога бев дете секогаш навивав за Јувентус, Пол Погба ми беше идол. Зборуваме за голем клуб. Ако постои можност сите да сме среќни – Галата, Јуве и јас, тогаш сум подготвен. Во спротивност, добро ми е во Турција. Не сакам да барам ништо“, вели Ѕаниоло во интервју за „Ла газета дело спорт“.