Top Sport

Заниоло се врати на терен по пауза од 378 дена!

Фудбалерот на Рома, 22-годишниот Николо Заниоло против Трабзонспор во плеј-оф на Конференциската лига заигра за тимот од Рим по повеќе од една година, точно по 378 дена од последниот меч.

Толкав период помина откако младиот играч доживеа руптура на вкрстените лигаменти на коленото. По вторпат ја доживеа една од најтешките фудбалски повреди. Ја обнови повредата откако токму поради такво нешто паузираше целата втора половина од сезоната 2019/2020.

Заниоло втората тешка повреда ја доживеаја во најлош можен момент. Во Рома е прогласен за наследник на Франческо Тоти, а сјајно играше и во селекцијата на Италија во тој период.

Наместо да учествува во освојувањето на ЕУРО 2020 и да го подобри својот учинок во Рома (на 70 меча има 14 гола и 6 асистенции), Заниоло минатата една година ја помина на рехабилитација.

Сега пак е на теренот, под водство на Жозе Мурињо.

Scroll to Top