Богатиот кинески клуб Гуангжу Евергранде минатиот четврток започна со изградбата на најголемиот стадион во светот. Стадионот ќе има спектакуларен изглед, во облик на лотосов цвет, ќе може да прими 100.000 луѓе, а за неговата изградба ќе бидат издвоени 1,7 милијарди долари. Изградбата треба да биде завршена до 2022 година.
Целта на инвеститорите е градбата да биде впечатлива како зградата на операта во Сиднеј или зградата Бурј Калифа во Дубаи.
Chinese side Guangzhou Evergrande have begun construction on their new 100,000-seat stadium, at an estimated cost of $1.7 billion ?? pic.twitter.com/AWXLuZNtxy
— ESPN FC (@ESPNFC) April 18, 2020
Капацитетот за малку ќе му биде поголем од засега наголемиот стадион во светот култниот „Ноу Камп“ во Барселона (99.534 места за седење).
Според информациите сопственикот на Гуангжу Евергранде планира да изгради три до пет нови стадиони во Кина со капацитет од 80.000 до 100.000 места за седење за да може Кина да истакне кандидатура за домаќин на светско првенство.