Англиските и шпанските медиуми пишуваат дека Серхио Агуеро е главна мета за следната сезона на новиот тренер на ПСЖ, Маурисио Покетино. Медиумите на Островот пишуваат дека Аргентинецот е силно заинтересиран на „Паркот на принцовите“ да го доведе својот сонародник од Манчестер Сити, уште повеќе што летоска Агуеро станува слободен играч.
„Светците“ се еден од ретките европски клубови што можат да ја покријат високата месечна плата на Агуеро од 265.000 евра.
Не е тајна дека Агуеро е одличен пријател со Лео Меси, па затоа започнаа шпекулациите дека се прави терен за привлекување на првата ѕвезда на Барселона во Париз. Познато е и дека Барселона моментно многу лошо стои кога се во прашање финансиите.
Could Sergio Aguero be on his way to France? ??
— Sky Sports (@SkySports) January 9, 2021