Top Sport

Засилувањата на Њукасл ги однесоа бодовите од кај Вест Хем

Последниот денешен меч од првото коло во Премиерлигата меѓу Вест Хем и Њукасл одиграна на Олимпискиот стадион во Лондон им припадна на гостите. Тимот од „Сент Џемјс Парк“ славеше со 2-0 иако Вест Хем беше подобриот тим, екипата која го диктираше темпото. Сепак, залудно.

Првото полувреме помина без голови, а во вториот дел Калум Вилсон во 56. минута го донесе својот тим во предност.

Доминацијата комплетно ја презеде домашната екипа, креираа шанси, без реализација, по што следуваше казна. Во 87 минута Хендрик погоди за конечни 0-2.

Scroll to Top