Top Sport

„Заслужи црвен картон“, Мегваер: Тоа беше природна реакција (Видео)

Тренерот на Челси Френк Лампард смета дека капитенот на Манчестер Јунајтед Хари Мегваер требало да добие црвен картон поради стартот врз Миши Батшуаи на синоќешниот натпревар на „Стенфорд Бриџ’.

Манчестер Јунајтед го победија Челси во Лондон со 2:0, а детал од првото полувреме што се до клупата на Челси е предмет на расправии. ВАР пресуди дека Мегваер немал напера да го удри Батшуаи. Дуелот се случи во 20 минута при резултат 0:0.

„Мегваер заслужи црвен картон. Тоа ќе го сменеше текот на натпреварот. И нашиот прв гол беше регуларен. За вториот ќе ја разберам одлуката дека Жиру беше в офсајд“, рекол Лампард потсетувајќи и на поништениот гол на Курт Зума при резултат 1:1.

Од друга страна Мегваер негира дека намерата му била да го удри противникот.

„Мислев дека ќе падне врз мене, тоа беше природна реакција да заземам таков став и да се обидам да го запрам. Немав намера да го удрам. Судиите донесоа исправна одлука. Не сакав да го повредам. Му се извинив потоа“, рекол капитенот на Јунајтед.

Scroll to Top