Top Sport

„Заслужив да останам, но моето мислење не е доволно“

Маурицио Сари ги издржа сите критики и проблеми со кои се соочуваше во текот на сезоната и успеа со Челси да го освои трофејот во Лига Европа. „Сините“ во Баку, синоќа го декласираа Арсенал со 4:1.

На прес конференцијата најмалку од прашањата што му биле поставени на Сари се однесувале на самиот натпревар. Новинарите најмногу се интересирале за неговата и иднината на Еден Азар.

„Утре ќе разговарам со мојот клуб, со сопственикот и директор. Не знам дали ќе останам. Мораме да разговараме, тоа е пракса во секој клуб по завршувањето на сезоната. Мораме да знаеме што коже клубот да направи за мене и што е тоа што јас можам да го правам за овој клуб. Клубот мора да разговара со својот менаџер. Потоа ќе имам неколку дена да размислам и дур тогаш ќе решам. Имам договор така што сега нема потреба да разговараме на оваа тема“, рекол Сари.

„Дали мислите дека заслужувате да останете во Челси?“, било слeдното прашање на што Сари искрено одговорил.

„Мислам дека заслужив. Но тоа е само мое мислење. А моето мислење не е доволно“.

Scroll to Top