Top Sport

Заслужува шанса? Солскјер има подобар скор од Клоп по првите 100 меча!

Иако повеќе пати се бараше неговата смена од незадоволните навивачи на Манчестер јунајтед, скорот на Оле Гунар Солскјер по првите 100 меча на чело на клубот е подобар од тој на Јирген Клоп во првите 100 меча со Ливерпул.

Шпекулациите за негов отказ се засилија по 0:1 поразот од Арсенал во разочарувачки меч на „Олд Трафорд“ кој го критикуваа и неговите поранешни соиграчи Рој Кин, Пол Сколс и Гери Невил. Во исто време, фановите најмногу ги боли што лутите ривали Ливерпул се на врвот во Англија.

Скорот по 100 меча, пак кажува поинаква приказна. Во првите 100 меча во сите натпреварувања – Солскјер има 56 победи во споредба со 50-те на Клоп, а Јунајтед исто така има постигнато повеќе голови 186-182 и има 56% победи во однос на 50% на Ливерпул. Клоп е единствено подобар во Премиер лигата во тие 100 меча – победил на 69 во споредба со 65 на Солскјер.

Сепак, останува да се види дали ќе се има трпение да се остане со Солскјер, посебно по катастрофалните 7 поени од седум меча и 15. место на табелата. Покрај тоа, Јунајтед нема победа во шест меча на „Олд Трафорд“. Англиските букмејкери веќе почнаа да прифаќаат облози за неговата замена, со Маурисио Почетино и Брендан Роџерс на првите две позиции.

Scroll to Top