Бразилскиот ветеран Живанилдо Виера де Соуса уште еднаш потврди дека прекарот Хулк не го добил за џабе, откако во дебито за бразилскиот клуб Атлетико Минеиро со рамо оттурна еден фудбалер.
34-годишниот Хулк дебитираше во 4:0 победата над Уберландија во шампионатот на државата Минеиро и се најде во конфликт со 28-годишниот Франко де Паула Фереира, кого го прати на „летање“. Судијата реши да не го казни Хулк.
Ова беше прв меч на Хулк во Бразил по неговата прва професионална сезона во 2004 кога играше за Виторија. Оттогаш тој играше за Порто, Зенит Санкт Петерсбург и во повеќе клубови во Јапонија и Кина.
Olha o Hulk, meus amigos… O melhor: juizão não deu nada! Segue o jogo!
Acompanhe a reta final de Atlético-MG x Uberlândia https://t.co/tKJwdgD0CT pic.twitter.com/kqGkjkbYlD
— ge (@geglobo) March 8, 2021