Top Sport

Завршена работа? Годин во Интер ќе заработува 6 милиони евра годишно

Италијанските медиуми се сигурни дека Диего Годин веќе се договорил за трансфер во Интер по завршувањето на договорот со Атлетико Мадрид, и дека тие му понудиле плата од 6 милиони евра.

Во Шпанија постојано се тврди дека нема договор, но „Скај спорт Италија“ дури вели дека се договорени и цифрите – Уругваецот ќе потпише двегодишен договор со плата од 6 милиони евра по сезона со опција за уште една сезона.

Од следниот месец, Годин ќе може да преговара за својата иднина, по што ќе се договори медицинскиот тест во Милано, додава „Скај“.

Вчера, тренерот на Атлетико, Диего Симеоне реагираше на одлуката на клубот да не му го продолжат договорот на 32-годишниот дефанзивец, кој во летниот преоден рок наводно ги одбил Манчестер јунајтед и Јувентус.

„Атлети и Годин сакаат да се најде вистинско решение за сите страни. Сите го знаат моето мислење околу него. Ако тој остане со нас, тоа ќе биде бидејќи е најдобро за клубот“, изјави Симеоне.

Фото: ЕПА

Scroll to Top