Top Sport

Заврши несреќниот престој во Рим – Пасторе остана без договор

Рома објавија дека договорот на Хавиер Пасторе со италијанскиот клуб е раскинат со взаемна согласност, ставајќи крај по трите несреќни сезони на „Олимпико“.

32-годишниот поранешен аргентински репрезентативец пристигна во Рим од Пари Сен-Жермен во јули 2018 година, но имаше само 37 настапи за „волчицата“ во три сезони. Тој имаше договор со клубот до јуни 2023 година, но заминува две години предвреме.

„Рома потврдува дека се договори за раскинување на договорот со Хавиер Пасторе со клубот. Целиот клуб му посакува многу среќа во иднина“, се вели во објавата на Рома.

Scroll to Top