Top Sport

Заврши сезоната за Алиоски

Македонскиот репрезентативец, Езгијан Алиоски, поради повреда предвреме ја заврши оваа сезона. Алиоски нема да игра за Лидс јунајтед, а ќе ги пропушти и квалификациските натпревари што ќе ги одигра Македонија во јуни, против Полска и Австрија.

Алиоски, вчера, одигра само 11 минути за Лидс во поразот кај Брентфорд (2:0). Македонскиот репрезентативец имал проблеми со менискусот на левото колено.

Попладневно, Алиоски го оперирал менискусот, а од клубот објавија дека тој ќе паузира шест недели.

Отсуството на Алиоски ќе биде голем проблем за неговиот клуб кој се бори за враќање во Премиер лигата и за репрезентацијата на Македонија која успешно стартуваше во квалификациите за пласман на ЕУРО 2020.

Алиоски сезонава за Лидс има одиграно 47 натпревари во сите натпреварувања, има учинок од седум гола и пет асистенции.

Scroll to Top