Top Sport

Заврши сезоната за Серхио Агуеро

Манчестер сити забележаа убедлива победа над Барнли (5:0) меѓутоа останаа без првиот напаѓач Серхио Агуеро.

Аргентинецот во второто полувреме избори пенал, но во таа акција го повредил коленото. Сигурно нема да игра на наредите два натпревари, а не е исклучено да го пропушти финишот на сезоната.

„Не изгледа добро. Почувствува нешто во коленото, мислам дека за него сезоната е завршена. Докторот рече дека рехабилитацијата ќе трае малку подолго. Сепак да ги почекаме тестовите. Можеби ќе добиеме добри вести“, рекол тренерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола.

Инаку, во победата над Барнли по два гола постигнаа Фоден и Марез, а меѓу стрелците се запиша и ветеранот Давид Силва.

Scroll to Top