Довчерашниот фудбалер на Милан, голманот на италијанската фудбалска репрезентација, Џанлуиџи Донарума денеска дојде во француската престолнина каде го очекува официјално потпишување со француски ПСЖ.
Освен тоа, се очекува да има и официјална објава на трансферот како и фотографирање на новиот чувар на мрежата кој се обврза на договор со клубот од „Паркот на принцовите“ до 2026 година.
Се уште е непознато дали Донарума ќе е прв голман на „светците“ или, пак, во првата сезона ќе му биде резерва на Кејлор Навас.
? DONNARUMMA ?? EST ARRIVÉ À LA FACTORY !!!!
IL VA SIGNER SON CONTRAT AVEC LE PSG ?? pic.twitter.com/qhnci4iRdY
— Canal Supporters (@CanalSupporters) July 14, 2021