Фудбалската репрезентација на Македонија, на 12.ноември во Тбилиси, избори историски пласман на Европското првенство. Покрај глот на Горан Пандев, со кој Македонија ја победи Грузија (1:0), од тој натпревар се памети и завршниот коментар на новинарот на МТВ, Тони Стојановски.
Новинарот, попладнево, во Куќата на фудбалот, го доби најдобриот подарок за Нова година. ФФМ го овековечи неговиот завршен коментар на ѕидовите во просториите на ФФМ.