Top Sport

Зеленски одобри: „Ако треба ќе играме и под бомби ќе играме фудбал“

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Украина, Андриј Павелко изјави дека фудбалскиот шампионат на таа земја ќе започне дури и под бомби. И покрај воената состојба во земјата, првенството треба да започне во август. Почетокот на лигата го одобрил претседателот Володимир Зеленски за почеток на лигата.

„Тој ми даде одобрение минатата недела. Сите фудбалски натпреварувања ќе започнат во август, и за мажи и за жени“, изјави Павелко за агенцијата АП.

Претседателот на Фудбалската федерација на Украина ги информирал челниците на ФИФА и УЕФА, Џани Инфантино и Александар Чеферин за одлуката што ја донел со Зеленски.

„Им кажав дека повторно ќе играме фудбал, дури и додека трае војната. Ако треба, ќе играме и под закана од бомби. Сметаме на нивната поддршка“, рече Павелко.

Тој додаде дека фудбалот може да ги оттргне мислите на Украинците од војната и тешката ситуација во земјата.

Scroll to Top