Хрватскиот фудбалски репрезентативец, Матео Ковачиќ кој моментно е дел од екипата на Челси, најверојатно ќе ја промени средината. Хрватот кој во Лондон е дојден како позајмен играч од мадридски Реал има големи шанси кариерата да ја продолжи во Русија, во тимот на Зенит, пренесува Дејли Мејл.
Ковачиќ формално се уште е играч на Реал, но Зинедин Зидан не смета на неговите услуги, па фудбалерот лесно може да заврши во Русија, а од отштетата кралскиот клуб да собере пари за предвидените засилувања за наредната сезона.
Реал не му допушти на Челси да го откупи договорот на Хрватот, а лондонскиот клуб по казната од ФИФА, во двата следни преодни рока нема да смее да ангажира нови фудбалери.