Фудбалерите на Зенит денес го освоија Купот на Русија. Во финалето тие го победија Химки со 1:0, со голот на Артем Дзјуба од пенал во 84 минута. Зенит претходно ја освои и титулата во шампионатот на Русија.
Финалниот меч го засени она што се случуваше во текот на доделувањето на пехарот. Капитенот на Зенит Бане Ивановиќ ја доби честа прв да го подигне пехарот, малку се занесе во славењето и го искрши трофејот, не целиот туку само капакот на стаклениот пехар.
Пред да го стави Зенит трофејот во клупските витрини тој ќе мора да оди на поправка.
«Зенит» так радовался победе в Кубке, что разбил трофей ?
Теперь у чаши не хватает крышки ?https://t.co/o6R5LmUk18 pic.twitter.com/je35mVlNpa
— Матч ТВ (@MatchTV) July 25, 2020