Претседателот на Реал Сосиедад, Хокин Аперибај директно ги обвини луѓето од тимот на Зенит Санкт Петербург дека помогнале да се внесат пиротехнички материјали до навивачите на клубот во последниот меч од групната фаза на Лигата на Европа.
При крајот на второто полувреме на „Аноета“, имаше бараж од фалки на теренот од навивачите на Зенит за што шпанскиот тим најверојатно ќе добие казна.
„Тоа што се случи минатиот четврток беше срамота. За натпреварот имавме 140 полицајци, секој руски навивач беше претресен пред да биде пуштен на стадионот, но дел од луѓето на Зенит им донесоа пиротехника. Го кажавме тоа на луѓето од дисциплинската комисија на УЕФА и се надевам дека ќе направат нешто околу тоа“, вели Апиребај.