Top Sport

Згасна фудбалскиот клуб Локерен

Белгискиот суд во понеделникот прогласи банкрот во еден од најстарите фудбалски клубови во државата, Локерен.

Освојувачот на Купот на белгија во 2012 и 2014 година не успеа во предвидениот рок да го санира долгот од пет милиони евра.

„За жал и покрај напорите што ги вложивме не успеавме во предвидениот рок да најдеме инвеститор“, порачал претседателот Луј Де Врис.

Локерен е основан во 1923 година, во изминатата деценија клубот два пати го освои Купот на Белгија, а пред пет сезони играше во фазата по групи во Лига Европа. Во 2019 година клубот испадна во Втората лига.

Белгиските медиуми пишуваат дека Локрене би можел да биде спасен преку фузијата со аматерскиот клуб Хаме.

Scroll to Top