Top Sport

Жан Сери уште e огорчен за однесувањето на Дембеле

Играчот од средниот ред на Ница, Жан Сери вели дека Усман Дембеле „на сила“ добил трансфер од 105 милиони евра во Барселона.

Французинот Дембеле беше сметан за совршена замена за Нејмар по неговото заминување во Пари Сен-Жермен, и тој одби да тренира за тимот на Борусија Дортмунд додека го чекаше договорот. На крајот желбата му се оствари, но по само три меча на „Ноу Камп“ тој се повреди.

Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска, Сери, кој и самиот очекуваше трансфер во Барселона ова лето, вели дека 20-годишниот Дембеле е самиот виновен.

„Навистина не е добро да прифатиш таков однос кон животот како Дембеле. Кога некој не е добро информиран, прави погрешни одлуки. Кога дојде во Барселона, веднаш се повреди. Без притисокот и тензијата во Борусија, тоа можеби немаше да се случи. Од друга страна, Килијан Мбапе одигра зрело, го чекаше својот трансфер и не влегуваше во глупости како одбивање на тренинг“, вели Сери во интервју за „Ле паризиен“.

Сери признава дека уште е разочаран што не остварил трансфер во Каталонија, но сега е посветен на својот тим.

„Тоа беше тешко време за мене и ќе остане до крајот на кариерата, но сега имам свртев нов лист. Не размислувам на минатото и се фокусирам на фудбалот“, вели 26-годишниот Сери.

Scroll to Top