Top Sport

Жанг: Фудбал почнав да гледам кога дојдов во Интер

Претседателот на Интер, Стивен Жанг, дал искрена изјава која неверојатно звучи за вистинските фудбалски фанови, особено на оние на кои во крвта им е црно-сината боја.

„Денес Интер мие предизвик и фудбалот стана важен дел од мојот живот. Морам да признам дека пред да влезам во Управниот одбор никогаш не сум имал можност да го гледам Интер, немав можноста да гледам ниту еден фудбалски натпревар“, рекол Жанг.

Интер сезонава ја започна со три победи во Серија и неочекувано реми против Славија во Лигата на шампионите.

Утре Интер ќе г одигра „Дерби дела Мадонина“ против градскиот ривал Милан.

Scroll to Top