Жените во Саудиска Арабија конечно ќе можат да присуствуваат на фудбалските натпревари и до крајот на оваа недела дозволено им е да бидата на трибините на три натпревари во три различни градови во кралството.
Имено на 12 јануари во сила ќе стапи декретот усвоен во октомври минатата година, со кој за жените е укината забраната да присуствуваат на фудбалски натпревари. За припадничките на понежниот пол на стадионит ќе бидат отворени посеби сектори пренесе „Арабиан Бизнис“.
Инаку во Саудиска Арабија и е укината забраната на жените и да возат автомобили и од јуни годинава ќе бидат рамноправни учесници во сообраќајот.